ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МПЦ во четвтрток организира протести проив законот за матична евиденција

Македонската православна црква во четврток организира народен протест против двата предложени закони кои според нив ги нарушуваат основните основи на верата и општеството. Едниот е предлог-законот за матична евиденција кој е во собраниска процедура и другиот е предлог-законот за родова еднаквост. Двете законски решенија му овозможуваат на поединецот преку декларативно изјаснување, законски да го промени полот Според владиката Јаков Стобиски, ова е кршење и ограничување на човековите права и слободи.

Advertisements

Стобиски оценува дека начинот на кој мнозинството тврди дека ги остварува правата на една група на сметка на општеството значи диктатура.

СДСМ синоќа со одлука на Извршниот комитет се повлече од предлог-Законот за матична евиденција, додека консултациите ќе продолжат за предлог-Законот за родова еднаквост. Против законските решенија се и другите верски заедници во земјава, но не се знае дали и тие ќе го поддржат протестот во четврток. Владата по втор пат се повлекува од Законот за матична евиденција, откако претходно се повлече во март минатата година.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button