ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мрежата за заштита од дискриминација: Новиот состав на Антидискриминациска се пополнува со партиски кадри

Од Мрежата за заштита од дискриминација, сметаат дека изборот на кандидати за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е направен на партиски и незаконски начин. Според нив, овој избор претставува злоупотреба, го нарушува владеењето на правото и покажува крајно непочитување на човековите права и еднаквоста на граѓаните.

„Имињата кои кружат во јавноста, можеби раководната структура ќе каже дека се компетентни и дека можат да ја извршуваат функцијата, но сите што бевме присутни на денот кога беа претставени кандидатите, беше многу јасно кој е надлежен. а кој ги исполнува условите, во законот пишува 7 години работно искуство во секторот за човекови права, од кои 5 години во секторот за дискриминација, а голем дел од кандидатите сметаат дека условите се исполнети, само ако некој е правник“, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Драгана Дрндаревска, една од предложените кандидати на комисијата, рече дека иако е единствената независна експертка која ги исполнува законските критериуми меѓу избраните кандидати, добила најкраток мандат.

Од Мрежата за заштита од дискриминација сметаат дека се избираат кандидати за остварување на партиските цели, и додаваат дека ќе ги искористат сите правни мерки со цел изборот на кандидатите во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да биде правичен.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button