СВЕТ
Мртов Гадафи го праќа Саркози во затвор?!

Привршува децениската истрага против поранешниот француски претседател Николас Саркози во врска со обвинувањата дека Моамер ал-Гадафи ја финансирал неговата предизборна кампања во 2007 година. Ако биде прогласен за виновен, на поранешниот прв човек на Франција му се заканува казна затвор од десет години, еден милион евра казни и пет години губење на правото на глас и избор.
Судењето треба да се одржи во периодот од 23 ноември до 10 декември.
Минатата недела судот го сослуша Саркози откако претходно ги одби сите негови жалби.