ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Му дале 50.000 € за експропријација, тужел и од општина Тетово зел МИЛИОН €!

Основниот суд на Тетово ги потврди тврдењата на првиот човек на општината, Билал Касами, дека во случајот со експропријацијата на земјиштето на жител на Тетово во почетокот на 1998 година, судењето завршило на крајот на 2016 година и Општината не поднела жалба. Станува збор за земјиште кое му било одземено на жител за отворање на булеварот Илирија. Му било проценето на само 50.000 евра, но по судската постапка граѓанинот досега од општината зел над еден милион евра на име на камати поради задоцнета исплата.

Advertisements

„Ве известуваме дека за предметот ПЈК/ бр.150/15 е донесено решение на 04.11.2016 година кое стана правосилно од 23.11.2016 година, а извршно од 10.01.2017 година. Општина Тетово не поднела жалба“, велат од судот во Тетово.

Откако дознал за оваа одлука, Касами пред една година поднел претставка и побарал појаснување во Апелациониот суд во Гостивар. Но, сè уште нема ниту одговор, ниту одлука. Касами вели дека нема реакција ниту за тужбата за сомненија за организиран криминал.

„Поднесовме тужба и против група за која се сомневаме дека е организирана да изнудува пари од граѓаните, ги тужевме сè до Обвинителството за гонење на организиран криминал. Тоа беше направено на почетокот на 2022 година, но немаме одговор дали е прифатена или отфрлена“, рече Касами.

Алсат побара одговор од Апелациониот суд во Гостивар, но оттаму ни рекоа дека бараниот предмет бил вратен во основниот суд Тетово во 2016 година, а подоцна за него немало жалба. Според Касами, укажувањето за злоупотреба започнало уште во 2001 година кога починал сопственикот на земјиштето. Предметот бил повлечен од судот бидејќи не се појавил наследник. Но, 14 години подоцна одлуката била обжалено и предметот вратен на судење со нов наследник.

„Во 2014 година Апелациониот суд во Гостивар го известил за судската одлука од 2001 година и автоматски му дал право на жалба. Странката поднела жалба во 2014 година и во 2015 година Апелациониот суд ја укинал судската одлука од 2001 година и оттука почнува целиот процес“, додава Касами.

Но, според законите, предмети од ваков тип застаруваат за 10 години, а жалба за него била поднесена за 14 години, кога законски тоа не можело да се случи.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button