МАКЕДОНИЈА

Муареми поднесе претставка до Вилма Русковска

Директорот на Финансиска полиција бара од државниот обвинител да го преиспита работењето на Обвинителката за организиран криминал и корупција поради неоснованиот претрес кој по нејзина наредба беше извршен во канцелариите на директорот Муареми.. По една недела откако обвинителството влезе во управата, директорот испрати соопштение преку кое го критикува начинот на кој било постапено. Во соопштението се вели дека на обвинителите од организиран криминал им бил овозможен непречен пристап и покрај тоа што во наредбата немало формално материјалните суштински основи за да биде издаден претрес.

Advertisements

„Согласно член 21 точка 15 од Законот за кривична постапка, „основано сомневање е повисок степен на сомневање заснован врз прибавените докази кои упатуваат на заклучок дека определено лице сторило кривично дело “, а од друга страна јавноста е сведок на изјавите на шефицата на ОЈО ГОКК објавени во медиумите во кои самата изјавува дека нема осомничени лица, односно дека „чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата“, велат од Управата на финансиската полиција.

Директорот на Управата Арафат Муареми вели дека доколку обвинителството побарало било каква документација тој ќе доставил без да се спроведе претрес, со што бил нарушен угледот на институцијата.

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Русковска вели дека директорот немал потреба од претстваки ако работел законски. За неа е нејсано и зошто не поднел претставка и до судскиот совет.

„Ако наредбата на судијата според него само формално е законита, но суштината била неразбирлива и паушална, зошто не е поднесена претставка и до судски совет. Во секој случај, претставката, како и објавувањето на истата го сметам за директен притисок врз работата на обвинителството и судот. Ако се работело по закон, не ја разбирам целата паника и притисок“, наведува Русковска.

Од Државното обвинителството велат дека ја примиле претставката од Управата за финансова полиција и се преземаат дејствија за испитување на наводите по што ќе биде поднесена соодветна одлука.

Според извори на Алсат од Обвинителството, државниот обвинител, Јовески, веќе ги повикал на разговор двете обвинителки кои биле задолжени за претресот. Инаку претресот во финансовата полиција бил извршен по пријава на граѓани за наводно непостапување на институцијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button