ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мухамед Зекири осуден на две и пол години затвор

Судот го прогласи за виновен поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири и го осуди на две и пол години затвор. Зекири треба да плати и оштета од 70 милион денари. Како ефективна мерка Зекири мора да одлежи уште 11 месеци затвор. Тој вели дека ќе се жали на првостепената одлука.

Advertisements

„Никаде и во ниту еден момент не е утврдена мојата предумисла за склучување на договорите. Спроведов само одлуки предложени од Владата, поточно од вицепремиерот Фатмир Битиќи. Во случаите кога е ангажиран генералниот секретар, експлицитно се нагласува кога мора да се спроведуваат јавните набавки. Во овој случај немаше, ниту правните советници во Владата не се спротивставија. Не бев јас тој што ги разгледуваше договорите. Имаше одредени луѓе и никогаш не ми беше кажано дека не треба да ги потпишам“, рече Зекири.

Судот го одби барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал за конфискација на имот . Зекири во својство на генерален секретар на Владата беше обвинет за злоупотреба на службената положба поради сомневање за таен договор со компанијата „Интерхолдинг“ за консултантски услуги за евентуална приватизација на Македонска пошта и Македонски железници-Транспорт.

Обвинителството за организиран криминал оцени дека Зекири во својство на генерален секретар не реализирал јавни набавки и не дал можности за други понуди.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button