Мурати: Одлуката на Уставниот суд е политичка

Уставниот суд со одлуката за правилна етничка застапеност директно ги прекрши начелата на Уставот, практиките воспоставени претходно од Судот како и меѓународните норми, изјави поранешниот прв човек на Судот и пратеник на Европскиот фронт Сали Мурат. Тој во интервју за Алсат вели дека судот и претходно неколку пати донел одлуки во полза на правична етничка застапеност.
Мурат гледа многу политика во одлуката на судот, за која вели дека не треба да биде нивна работа.
Мурати најави дека се подготвува нов закон за правична етничка застапеност во пратеничката група на Европскиот фронт. Тој не откри детали, но рече дека новото решение треба да се фокусира на операционализација на одредбата за правична застапеност со предвидување санкции и одговорности за раководните лица на институциите.
Како претставник на турската заедница во земјава, Мурати рече дека одлуката на судот ќе ја влоши ситуацијата кога и покрај тоа, застапеноста на Турците во институциите не е поголема од половина од потребната квота. Тој се пожали дека актуелната влада нема ниту еден турски претставник во извршната власт, ниту на ниво на државни секретари и дирекции, ниту во органите назначени од претседателот. Мурати беше во Уставниот суд 9 години а претседател од 2019 до 2021 година.
Фатлуме Дервиши