ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мурсели: Во Тетово е извршен урбан криминал

Кандидатот за градоначалник на Тетово, од коалицијата АА- Алтернатива, Вулнет Мурсели, во „Патот кон“, зборуваше за дивоградбите и урбаниот хаос во оваа општина.
Тој рече дека во Тетово е направен урбан криминал додека додаде дека општината е заинтересирана за поткуп а не за квалитетот на животот, пишува Алсат.
„Во Тетово е направен урбан криминал. Градеа без дозвола бидејќи општината беше заинтересирана за поткуп, не ја интересираше квалитетот на животот. Постојат цели населби што се изградени без дозвола, особено последниве 12 години. Овие биле дозволени за низок интерес. Наша цел е да го проектирами генералниот урбанистички план, кој предвидува регулирање на секое место во Тетово, каде што има потреба“, нагласи Мурсели.