МАКЕДОНИЈА

Муртезани ќе дели црвени, жолти и зелени картони на министрите за спроведените реформи

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, купил картони во црвена, жолта и зелена боја и ќе им ги дели на неговите колеги во Владата. Каква боја ќе добива секој министер ќе зависи дали ги доцнат, имаат проблеми или ги спроведуваат реформите утврдени со реформската агенда.

Advertisements

Реформската агенда е дел од Планот за раст на Западен Балкан што го подготви Европската комисија (ЕК). Секоја земја имаше задача да подготви план за реформи до 2027 година, кои доколку ги спроведе за возврат од Брисел етапно ќе добива пари – дел во форма на заеми, дел како грантови. За целиот регион предвидени се шест милијарди евра од кои Северна Македонија ќе добие околу 750,4 милиони евра, а до крајот на годинава очекува да добие авансна исплата од 52,5 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button