ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муртезани: Процесот на евроинтеграции е жив, со тргање на билатерализацијата може да се најде начин да се движиме напред

Централна тема на денешната билатерална средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе биде Планот за раст, меѓутоа на секој состанок со високите претставници од Брисел секако дека разговараме и за изнаоѓање на можни решенија, притоа за зачувување на нашите позиции и обезбедување на процесот на евроинтеграции до крај, така што очекуваме дека и таа тема ќе се отвори на денешната билатерална средба, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, одговарајќи на новинарски прашања, на денешната прес-конференција по повод една година Влада.

Advertisements

Во однос на пораките од еврокомесарката Кос, Муртезани рече дека дека не може хипотетички да одговори, но дека „се што води во насока на дијалог што ќе значи предвидливост во процесот на преговори за нас е добредојдено“.

-И премиерот лично и Владата во неколку наврати сме изразиле подготвеност да го почнеме тој процес на дијалог, кој што ќе води до откочување на процесот, изјави Муртезани.

Прашан околу спорот со Бугарија и политичката блокада, Муртезани рече дека процесот на интеграција на земјата во ЕУ не е само бугарското вето, посочувајќи дека има многу сегменти и продолжува.

-Процесот не е блокиран, тој е жив, има многу сегменти и продолжува. Бугарското вето подразбира пречка за отворање на преговорите според преговарачката рамка. Тоа што ние се фокусираме во Планот за раст е бидејќи ЕУ преку оваа рамка им овозможува пристап на граѓаните на Западен Балкан кон услуги кои ексклузивно биле само за земји членки на ЕУ. Затоа, без да станеме членка граѓаните на земјите кандидати може да бидат дел од овие поволности, изјави Муртезани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button