ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муртезани: Процесот за евроинтеграција со земјава не е блокира, туку е жив

Муртезани: Процесот за евроинтеграција со земјава не е блокира, туку е жив

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани рече дека процесот за евроинтеграција со земјава не е блокира, туку е жив. Според него, тој има многу сегменти покрај бугарското вето и посочи дека истиот ќе продолжи да се одвива и понатаму. Тој рече дека за време на денешната средба со еврокомесарката Марта Кос главна тема ќе биде планот за раст, но потенцираше и дека секако една од темите ќе биде и евроинтеграцијата на нашата земја. Сепак, одговарајќи на новинарско прашање токму за ветото од Бугарија, Муртезани рече дека главниот проблем се евентуалните билатерални пречки во иднина од бугарска страна.

Advertisements

„Ги слушаме високите претставници од Брисел, викаат спроведувајте ги уставните измени, кога ги слушаме претставниците од Бугарија, викаат уставните измени, преговарачката рамка, протоколите. Ова значи дека не е истиот став. Ние викаме дека ако се инсистира на сите овие што инсистира Бугарија, вклучувајќи го и вториот протокол, тоа е голем ризик, бидејќи кога внимателно го читаме протоколот гледаме дека таму се е билатерализирано и сите тие чекори во иднина многу лесно и можат да се претворат во блокади. Ние како влада не се плашиме од никакви барања, не само од Бугарија, туку и од сите други европски земји, меѓутоа тие нови барања да не бидат билатерални и да не се претворат во блокади„, рече инистерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button