ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муса Џафери задоволен само од Бујар Османи, другите министри биле слаби

Избраните и именуваните функционери на ДУИ се појавија во седиштето на партијата во Мала Речица на состанокот свикан од првиот човек на партијата Али Ахмети. Ахмети рече дека Артан Груби за кого од Огнената група имаат критики, останува шеф на кабинет на претседателот на ДУИ, пишува Алсат.
„Нема ‘огнена група’ како што тврдите вие. Сè е во нормална ситуација. Ќе има дебата. Тоа е сè. Ќе остане ли Артан Груби шеф на кабинет? Да, да“, рече Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Но, од Огнената група која веќе е вклучена во партиските тела, велат дека не се откажуваат од барањата. Потпретседателот Изет Меџити пред средбата уште еднаш го спомна името на Артан Груби.
„Ние во писмото го споменавме по име и презиме, за неефикасност, за нереализирање на програмата. Тоа е името на Груби.“. рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Артан Груби пак, иронично ѝ одговори на јавноста по прашањето дали очекува партијата денеска да го разреши од функцијата прв вицепремиер.
„Многу убав, сончев ден. Убав ден и за ДУИ и за граѓаните“.Артан Груби, член на Претседателството.

Муса Џафери беше прашан кој последен ќе се смее. Фалејќи го сработеното во Министерството за надворешни работи, Џафери побара уште една недела.
„После една недела тие што ќе победат ќе се смеат. Зависи од дебатата. Ние сметаме дека перформансите се слаби, освен што Македонија успеа во надворешната политика затоа што е отворен патот за евроинтеграција и сме полноправна членка на НАТО. Економските ресори затаија.“ вели Муса Џафери, Надзорен совет на ДУИ.

Портпаролот Бујар Османи изјави дека денеска не очекува разрешувања на членови на извршната власт.
Бујар Османи, портпарол на ДУИ
„Секој има право да има свој став, да дојде со изграден став, да го смени ставот, да го задржи. Претседателството е орган на партијата кој е составен од 37 членови и тој ќе ја даде својата оценка.“, рече Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
Конституирањето на партиските органи доаѓа по две недели од нивното формирање на барање на Огнената група. Покрај членовите на извршната власт, на одговорност беа повикани и градоначалниците./Алсат.мк

АДРИАН КЕРИМИ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button