ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муслиманските верници го слават Курбан Бајрам

Ваква беше атмосферата утрово во скопската џамија „Мустафа паша“ каде, исто како и во другите џамии во земјава, каде верниците се собраа да се молат за Курбан Бајрам. Седнати рамо до рамо муслиманските верници во целосна хармонија го клањаа Курбан Бајрам, а потоа го слушаа говорот на претседателот на ИВЗ.

Advertisements

Претседателот на ИВЗ, Шаќир Фетаху, посака сите молитви на верниците да бидат прифатени.

„Ја користам оваа можност на сите верници во нашата земја и насекаде во светот, каде и да живеат и да работат во име на Исламската верска заедница искрено да им упатам срдечни честитки, молејќи се на Семоќниот Аллах да ги прифати сите нивни молитви за мир и просперитет“, вели Фетаху.

Претседателот на ИВЗ, Шаќир Фетаху, рече дека овој празник е исклучително важен, бидејќи во овие денови се слави завршувањето на објавата на Куранот и се исполнува петтиот услов на исламот, хаџот.

„Муслиманите ја извршуваат својата божествена должност колејќи ги своите курбани. Поради ова и се нарекува Курбан Бајрам, бидејќи верниците, од нивното богатство, колат курбани во името на Семоќниот Аллах, 26:15, и да бидат во служба на тие што имаат потреба”, додава Фетаху.

Месото од курбанот се дели на три дела. Семејството задржува еден дел; другиот дел се дава на роднини, пријатели и соседи; и третиот дел се дава на сиромашните и тие што имаат потреба за помош.
Иако овој празник предвидува колење курбани, многу граѓани немаа финансиска можност да го сторат тоа. Цените на курбаните зависи од големината и тежината на животното, а граѓаните најмногу претпочитаат да купуваат овци.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button