Муслиманските верници ширум светот го слават Курбан Бајрам
Муслиманските верници ширум светот го слават Курбан Бајрам

Илјадници муслимански верници ги исполнија сите џамии во земјата за молитвата за Курбан Бајрам. Во Мустафа-пашината џамија во Скопје, каде што се одржа главната церемонија по повод Курбан Бајрам, беа пренесени пораки за мир во земјите што веќе се зафатени од војна, солидарност и жртвување заради Алах.
„Во време на големи предизвици, овој празник нè потсетува дека е потребно да се ангажираме во елиминирање на лошите навики, во елиминирање на проблемите со кои се соочува човештвото, да ја искорениме сиромаштијата и да сееме мир и просперитет во животот, да ги подигнеме моралните вредности наспроти денешната аномалија, да шириме мир наместо војна и злосторства како што се случува во различни земји и да го ставиме знаењето пред незнаењето, а редот пред хаосот“, рече Шаќир Фетаху, поглавар на ИВЗ.
Фетаху, исто така потсети дека Курбан Бајрам, како голем и благословен празник, опфаќа божествени настани кои се извор на инспирација за подигнување на свеста кај верниците.
„Големината на овој празник лежи во фактот дека во овие денови е завршено објавувањето на Светиот Куран, тоа се денови на извршување на аџилакот, петтиот столб на Исламот, а верниците во овие денови ја извршуваат обврската да колат заради Семоќниот Алах.“, рече Шаќир Фетаху, поглавар на ИВЗ.
Фетаху, исто така, нагласи дека Курбан Бајрам ја одбележува жртвата што пророкот Ибрахим требало да ја направи жртвувајќи го својот син, пред ангелот да интервенира и да му понуди дда жртвува овца наместо својот син. Фетаху, исто така, рече дека празникот Курбан Бајрам се карактеризира и со извршување на аџилакот, што претставува еден од петте столба на исламот. Врз основа на физичките и финансиските можности, муслиманите треба да го извршат аџилакот барем еднаш во животот./Алсат.мк
Мелихате Рустеми