МАКЕДОНИЈА
Муслиу задоволен од реформите во разузнавачкиот систем во земјава

Првиот човек на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, изрази задоволство од моменталната состојба на реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор, додавајќи дека и покрај тоа, постои место за подобрување.
„Од законски аспект реформата е успешна. Применети се сите препораки и вредности коишто ги имаат и сите европски и сојузнички безбедносно-разузнавачки служби. Нормално, ниеден закон не е перфектен, секогаш има место за подобрување…но, генерално, јас, како директор на Агенцијата за разузнавање, сум задоволен од моменталната состојба“, рече Муслиу.