Муцунски-Ибрахимовиќ: Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати

Заемната поддрка што ја искажуваме на планот на европската интеграција претставува добар пример за нашата одлучност за напредок на овој пат кој ќе ни обебзеди сигурност стабилност и напредок кон просперитетна Европа кон која заеднички целиме. Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати.
Ова заеднички го констатираа шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Црна Гора, Тимчо Муцунски и Ервин Ибрахимовиќ, на прес-конференцијата во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Ибрахимовиќ, кој е во официјална посета на земјава, најпрво изрази сочувство за трагедијата во Кочани.
-Длабоко не погоди загубата на млади животи и ја пренесов поддршката на Црна Гора во санирањето на последиците од оваа несреќа и опоравување на повредените, рече министерот и потпретседател на црногорската Влада.
Истакна дека како две земји чија водилка се европските и евроатлантските вредности постои голем простор одличната билатерална соработка дополнително да се интензивира.