Муцунски: Имаме индиции за финансиски злоупотреби најмалку во уште две ДКП-а
Муцунски: Имаме индиции за финансиски злоупотреби најмалку во уште две ДКП-а

За жал, јас имам идентификувано уште неколку други случаи на непрофесионално работење, Морам да констатирам, во последните неколку недели утврдивме и неколку дополнителни случаи на сериозни недоследности.
Не би можел тука да кажам каде, пред се и заради почит кон државите каде што тие поединци се акредитирани, но имаме и други ситуации, како ситуацијата со Постојаната мисија во Њујорк, на финансиски злоупотреби од страна на нашите амбасадори. Ќе воспоставиме повисоки стандарди за работење на нашите амбасадори, на тој начин штитејќи го нашиот имот и буџет.
Верувам во процедурите, имаме индиции и ќе им дадеме шанса да ги кажат и своите аргументи и тие да ги приложат нивните докази, но генерално кога се финансиските прашања во прашање тогаш најчесто се многу јасни работите, дури и ноторни, но ние мора да спроведеме внатрешна процедура и внатрешна ревизија бидејќи мора да ги имаме највисоките стандарди за нашите претставници надвор од државата, нагласи Муцунски.