ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муцунски: Имаме индиции за финансиски злоупотреби уште во најмалку две дипломатско-конзуларни претставништва на државава во странство

Муцунски: Имаме индиции за финансиски злоупотреби уште во најмалку две дипломатско-конзуларни претставништва на државава во странство

Постојат индиции за финансиски злоупотреби уште во најмалку две дипломатско-конзуларни претставништва на државава во странство, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, без да прецизира за кои амбасади станува збор.
Алсат упати прашања за тоа што ќе се случи со овие амбасодори, односно дали ризикуваат да ја изгубат работата или дали ќе одговараат за нивните постапки. Досега не добивме одговор.
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера изјави дека дипломатијата е во лоша состојба.

Advertisements

Муцунски вели дека има исклучоци, но најголем дел од информациите што секојдневно ги добива од амбасадорите се информации што може да ги добие и по телефон, додека работата на амбасадорите треба да биде многу повеќе од тоа.

Во врска со амбасадорот во Тирана, Марковски, министерот рече дека таму имале и се уште имаат сериозна загриженост околу начинот на којшто се спровел пописот во соседна Албанија. Се очекува амбасадорот Марковски да го заврши мандатот кој завршува за неколку месеци.
Во меѓувреме, продолжува анализата на работата на Весел Мемети, амбасадор во Рим. Тој испратил допис до италијанските институции дека не важат пасошите со новото име на државата, без да добие налог од министерството за ваков чекор.

Амбасадорот Жерновски се соочува со сериозни обвинувања за несоодветно постапување во врска со формално-правните аспекти на неговото именување.
Лубомир Ферчковски, амбасадор во постојаната мисија во ОН, се уште не се појавил на информативниот разговор во министерството, иако постојат индиции за финансиски злоупотреби поврзани со буџетски средства од Министерството за надворешни работи и во моментов вршиме ревизија на работењето на Постојаната мисија во Њујорк.
Ферчковски замина на лекарско отсуство. Муцунски вели дека тоа не влијае на постапката против него, која ќе продолжи./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button