МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Собранието е блокирано оти мнозинството не може да обезбеди мнозинство

Собранието е блокирано бидејќи мнозинството не може да обезбеди мнозинство во собраниската сала, а не поради преголемиот број амандмани, вели пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат. Запрашан дали со големиот број амандмани се прави блокада наместо дебата во законодавниот дом, Муцунски вели:

„Собранието во суштина е блокирано бидејќи мнозинството не може да го обезбеди мнозинството. Улога на опозицијата е на граѓаните да им покаже дека кога сакате да функционирате со таква форма на мнозинство, кога не водите соодветен дијалог…не може од владата да ви диктираат земи или остави решение, да се покажува мал капацитет за прифаќање на амандманите…и после, опозицијата блокирала. Опозицијата не е мнозинство“, рече Муцунски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button