ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муцунски: Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на нашите европски аспирации

Договор за стратешка соработка меѓу двете влади и Меморандум за разбирање и имлементација на програмата „Стипендиум хунгарикум“ за периодот 2026 – 2028 година потпишале денеска македонскиот министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој престојува во посета на земјава.

Advertisements

Како што истакна Муцунски на денешната заедничка прес-конференција со Сијарто, потпишувањето на овие документи претставува силен доказ за цврстото сојузништво меѓу двете држави.

Муцунски информира дека на денешната средба разговарале за натамошното продлабочување на политичките и економските односи,  како и за континуираната поддршка од страна на Унгарија за нашите европски аспирации.

-Унгарија останува еден од најгласните и најпосветените поддржувачи на европската перспектива на целиот регион. Тоа се докажа за време на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ. Искрено сме благодарни за таа принципиелна и искрена поддршка, особено во контекст на нашите очекувања за напредок во процесот на пристапување кон ЕУ. Во година кога светот одбележува 80 години од победата над фашизмот и 75 години од Шумановата декларација, темелот на европскиот мировен проект, ние остануваме цврсто посветени на нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ со јасна и предвидлива динамика, нагласи Муцунски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button