ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Муцунски во посета на Париз, во фокусот реафирмирање на француската поддршка за евроинтеграциите

Муцунски во посета на Париз, во фокусот реафирмирање на француската поддршка за евроинтеграциите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во работна посета на Париз, Француската Република.

Advertisements

Посетата, како што информираат од МНРиНТ, ќе започне со средба со неговиот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро, по што ќе следи работна средба со Бенџамин Хадад, министер делегиран за Европа.

Во рамки на посетата, Муцунски, како што е најавено, ќе оствари средба и со Бертран Бишвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Во фокусот на разговорите, посочуваат од МНРиНТ, ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата земја, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button