
Планот А, според министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, е интеграција во ЕУ и тоа нема да се промени, вели тој еден ден откако шефот на Европскиот совет Антонио Кошта рече дека земјата треба да го следи планот А и да не чека план на ЕУ во однос на деблокада. Кошта зборуваше за имплементацијата на преговарачката рамка, вклучувајќи го и договорот со Бугарија, но Муцунски вели дека владата не прифаќа дека ваквите отстапки, како и во минатото, ќе ја доведат земјата до истата точка во иднина.
Муцунски ова го изјави по средбата во Скопје со австриската министерка за надворешни работи Беате Мејнел Рајсингер.
„Во 2022 година имавме компромис, за среќа добар или лош, зависи за кого. Тоа е факт, и факт е дека некои реформи мора да се направат од македонска страна. Мојата порака е дека гледаме колку е направено од ваша страна и колку чекори направивте, и сега поминаа 20 години и ние исто така сме обврзани билатералните прашања да останат билатерални, и да не бидат камен на сопнување“, рече Беате Мејнел Рајсингер, МинистерКА за надворешни работи на Австрија.
Кошта ден претходно за време на средбата со претседателката, како што рече во интервју Давкова за Телма, рекла дека уставните измени со пролонгирана имплементација не се прифатлива опција, особено за Бугарија. Тој рече дека земјата има обврска да ги исполни обврските за кои се согласила. Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски најави дека нема намера да се откаже од ставот дека нема да прифати никакво барање од Бугарија се додека и таа не го испочитува својот дел од договорот./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши