Муцуски-Бербок: Потврдена поддршка за македонските евроинтеграции

Северна Македонија има силна поддршка од Германија во евроинтегративниот пат, но на тој пат важно е да се работи на реформите во правосудството, борбата против корупцијата и зајакнувањето на правната држава. Ова денеска му го пренела германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на нејзиниот македонски колега Тимчо Муцунски, на средбата во Берлин. Говорејќи за евроинтеграцијата и европската перспектива на Република Северна Македонија, Бербок порачала дека само обединета Европска Унија која нема да биде блокирана од поединечни земји членки, може во кризни времиња целата своја тежина да ја стави на вагата на глобалната политика.
„На нас како Германија ни е посебно важно, да напредуваме во квалификуваното мнозинство, а не само во едногласното одлучување, што би значело дека во пристапниот процес би можеле да одлучуваме со мнозинско, а не едногласно одлучување“, нагласила Бербок.
Потенцирајќи ја силната поддршка од Германија и фактот дека македонската влада посветено напредува во реформскиот процес, германската министерка Бербок ја споменала важноста на реформите во правосудството, борбата против корупција и зајакнување на правната држава.