ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР: 175 санкционирани возачи во Скопје, 42 за возење под дејство на алкохол

МВР: 175 санкционирани возачи во Скопје, 42 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера во Скопје изрече вкупно 175 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28, за возење под дејство на алкохол 42 и 15 казни за возење без возачка дозвола.

Advertisements

Како што информира денеска МВР, изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за недавање првенство на минување на пешаци, три мерки за нерегистрирани возила…

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и придонес за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button