ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР: 60 пиштоли и 60 пушки пронајдени во куќа на крушевчанец

Полицијата уапси 71-годишен крушевчанец во чија куќа се пронајдени десетици пушки, пиштоли и муниција. МВР соопшти дека биле одземени и делови од оружјето што 71-годишникот го чувал во неговата куќа.

Advertisements

„Пронајдени се повеќе од 60 пушки, повеќе од 60 пиштоли и повеќе од 2000 парчиња ловечка муниција од различен калибар. Одземени се и различни делови од пушки и пиштоли“, наведоа од МВР.

Не е познато криминалното досие на осомничениот, ниту има информација дали полицијата ја спровела рацијата по сознанија кои органите на кривичното обвинителство ги имале против 71-годишникот за обработка и одржување на оружје. Од Мвр не дадоа никакви информации дали осомничениот имал дозвола за носење оружје согласно законските одредби за лов. МВР соопшти дека по документирање на случајот, осомничениот ќе биде кривично гонет.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button