ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
МВР ги отфрли како неточни тврдењата на СДСМ во врска со снабдувањето со Софтверот
МВР ги отфрли како неточни тврдењата на СДСМ во врска со снабдувањето со Софтверот

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи ги отфрли како неточни тврдењата на СДСМ во врска со снабдувањето со Софтверот.
Според МВР, станува збор за редовно обновување на лиценците за специјализиран форензички софтвер, кој Министерството го користи повеќе од една деценија за анализа на дигитални податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, во рамките на истрагите што се спроведуваат главно врз основа на наредби и во согласност со законските процедури.
Според МВР, овие алатки не овозможуваат и не се користат за прислушување, туку претставуваат стандардна опрема за дигитална форензика, каква што се користи во другите безбедносни институции во светот.