ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
МВР го расчисти случајот за обид за убиство на градоначалникот на Арачиново

Расчистен е случајот за обидот за убиство на градоначникот на Арачиново, што се случи на 1 април годинава, информира СВР Скопје. Оттаму велат дека е откриен идентитетот на сторителот на кривичното дело и против него до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава за убиство во обид.
Вооружениот инцидент се случи на 1 април на влезот во скопско Арачиново. Цел на нападот бил градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, кој за време на инцидентот бил заедно со уште неколку други лица. Кон нив маж пукал со автоматска пушка. Повредени беа две лица, кои биле заедно со градоначалникот.