ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР и полицискиот синдикат потпишаа договор

Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат потпишаа колективен договор. Претседателот на МПС Марјан Кицев, смета дека со овој договор вработените во полицијата освен што ги задржуваат сите права, добиваат и нови. Една од новините е што на три години пред пензионирање со навршени 40 години стаж, вработените нема да може да бидат преместени на пониско работно место. Ќе имаат право на платено отсуство и посебна заштита за ноќна работа за која ќе добиваат додаток на плата.

„Го потврдивме слоганот на Македонскиот полициски синдикат и МВР дека „Само преку дијалог се доаѓа до вистински решенија”. Докажавме дека не живееме во 16-иот век, кога работниците своите права ги остварувале на улица, туку напротив, работниците во ова модерно време своите права ги остваруваат само со соработка и дијалог, помеѓу работодавачот и преставниците на работниците, во случајот МВР и МПС“, рече Марјан Кицев, претседател на МПС.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button