ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР информира за пријави во однос на изборниот процес

Во СВР Охрид околу 14,10 часот од претседател на избирачкиот одбор било пријавено дека на избирачко место бр.1884 во струшкото село Октиси, К.С.(67) од село Октиси го искинал и го фрлил гласачкото ливче.

Advertisements

МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 17.10.2021 во 14,40 часот во СВР Битола К.Н. член на избирачки одбор 1446 во село Мажучиште пријавил дека А.С. го сликал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во соопштението стои дека денеска во 14,50 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Тетово го привеле Н.С.( 62)  од гостиварско Речане, поради сомнение за учество во меѓусебна тепачка со друго лице во гостиварско Речане, која се случила во дворот пред Основното училиште „Лирија“, каде било сместено избирачкото место 528. Случајот се расчистува.

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (17 октомври) околу 14 часот и 30 минути го лишиле од слобода 36-годишниот З.А. од Гостивар, кој се сомничи дека на избирачкото место  број 423, лоцирано во гостиварско СТОУ, со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13.56 часот се до 14.13 часот, поради тоа што Г.Ш. заменик член од партија дал двојни ливчиња на Н.П. од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button