ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР: Мирна новогодишна ноќ на територијата на цела држава

Новогодишната ноќ во државава помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Регистрирано е намалување на бројот на кривичните дела на територијата на цела држава, информираат од МВР.

Advertisements

„На територијата на државата новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. За време на новогодишната ноќ регистрирано е намалување на бројот на кривичните дела на територијата на цела држава, приведени се вкупно 12 лица, а регистрирани се 18 прекршоци на јавниот ред и мир, од кои најголем дел физички напади и физички пресметки. Во текот на новогодишната ноќ се случиле седум сообраќајни незгоди, од кои најголемиот број со материјална штета, при што не се регистрирани жртви“, соопштија меѓу другото од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button