ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР му поднесе кривична на Бојмацалиев

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против поранешниот дополнителен заменик-министер во МВР во техничката влада, Митко Бојмацалиев, поради сомнение дека додека бил шеф на кабинет на ексминистерот Оливер Спасовски, незаконски спречил вработување на лице во Министерството.

Освен против него, под сомнение за сторено исто кривично дело ,,повреда на правата од работен однос“, МВР поднесе кривична и против началничката на Секторот за управување со човечки ресурси, стручно оспособување и усовршување.

Advertisements

„Првопријавениот М.Б. – виш полициски советник за контрола, надзор и превенција на полицијата, стандарди и управување со квалитет во БЈБ, а во моментот на сторување на делото на работно место државен советник – шеф на кабинет на министерот за внатрешни работи и второпријавената М.С. – началник на Сектор за управување со човечки ресурси, стручно оспособување и усовршување, не придржувајќи се на законските одредби од Законот за внатрешни работи, кои се однесуваат на засновање на работен однос, повредиле, одзеле или ограничиле право што на работникот му припаѓа“, се наведува во соопштението на МВР.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button