ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР: Не наседнувајте на лажни електонски судски покани во име на директорот на БЈБ

Доколку добиете електронската пошта во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски, која изгледа како покана за суд, не наседнувајте бидејќи се работи за меѓународна измама, предупредуваат утринава од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisements

Оттаму посочуваат дека до МВР деновиве пристигнале повеќе пријави од граѓани кои на електронската пошта добиле наводна судска покана во која биле известени дека се предмет на правна постапка по низа кривични дела кои ги немаат сторено како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам. Притоа, како што додаваат од МВР, примачот на пораката се повикува да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци.

„МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Затоа, апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер“, информираат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button