МВР не прави ништо за да го среди хаосот, граѓаните не можат да си ги земат личните документи
МВР не прави ништо за да го среди хаосот, граѓаните не можат да си ги земат личните документи

Продолжуваат долгите чекања за лични документи.
Граѓаните револтирани од хаосот предизвикан пред шалтерите. Многумина од нив чекаа ред за лични документи од 07:00 часот.
„Колку чекате? Од 7:00 часот и едвај ги земаве. Се чека за лична карта, голем хаос. Тоа е голем проблем, толку долго се чека лична карта, додека ова може лесно да се реши, да се пратат по пошта, за да нема нервоза кај граѓаните“, рече еден граѓанин.
За долгите редови на чекање, МВР вели дека ги користи сите капацитети за издавање на лични документи од граѓаните.
„Покрај редовната работа со термини, овозможивме и фотографирање за лични документи без рок во полициската станица Пролет. Што се однесува до добивањето на веќе пополнетите документи, шалтерите работат и за викенди и тоа го објавуваме преку медиумите за да се информираат граѓаните кога и каде можат да ги добијат документите“, велат од МВР.
Од независниот полициски синдикат велат дека за да се отстрани хаосот и долгото чекање, советуваат да се отворат шалтери во Ѓорче и Чаир каде граѓаните ќе можат да си ги подигнат личните документи без да чекаат ред.
Рокот за промена на личните документи е до 12 февруари 2024 година./Алсат.мк
Авни Тахири