МАКЕДОНИЈА
МВР откри многу неисправни возила за јавен превоз

Полицијата на вонреден технички преглед испрати 177 возила за јавен превоз, а по откриени неправилности потоа биле изречени 54 казни. Од нив 16 поради дефекти на кошниците. Министерството за внатрешни работи најавува зголемени контроли, особено пред почетокот на новата учебна година за поголема безбедност на учениците и за зголемување на општата безбедност во сообраќајот.
Граѓаните воопшто не се чувствуваат безбедни во сообраќајот. Проблем е однесувањето на сите, како на возачите, така и на голем дел од пешаците.
Засилени контроли за евентуални технички неправилности имаше и во изминатиов период каде поради констатираните дефекти голем број возила беа отстранети од сообраќајот.
Ајнур Бафќари