ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР потврди – отвориле предмет за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски

МВР потврди – отвориле предмет за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски

Министерството за внатрешни работи (МВР) отворило постапка за ТОЕФЛ-сертификатот на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, за првпат недвосмислено тврдат од полицијата. Ваквиот став е содржан во одговорот што го добиле 360 од МВР, на прашања кои ги поставиле пред околу 10 дена.

Advertisements

Конкретно, по сомнежите во јавноста за валидноста на документот доказ за познавање на англиски јазик за кој Христовски тврди дека го стекнал во училиштето „Јулија КО.“ во Пловдив, Бугарија, од МВР велат:

„Ве известуваме дека од страна на Министерството за внатрешни работи оформен е предмет кој е предаден во надлежност на ОЈО Скопје за понатамошно постапување. Од таа причина Ве молиме за дополнителни прашања да се обратите до надлежното ЈО“.

Десет дена претходно…
Прашањата на кои стигна горецитираниот одговор ги испративме до полицијата на 28 октомври. Немаше едно, туку шест. Последното прашање беше директно за постапувањето на полицијата во врска со сертификатот на Христовски, но другите не. Беа за случаите кои МВР ги открило од почетокот на годинава, а кои се поврзани со лажни ТОЕФЛ-сертификати.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button