ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР повторно со апел до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки во име на директорот на БЈБ

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска повторно информираше за испратени лажни пораки во име на директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Сашо Тасевски и упати апел до граѓаните да не наседнуваат на ваквите пораки.

Advertisements

За лажни електронски пораки МВР извести и кон средината на минатата недела, посочувајќи дека станува збор за обид за измама за да се дојде до личните податоци на граѓаните.

Во денешното соопштение, со назнака „предупредување“, се наведува дека до Министерството деновиве пристигнале пријави од граѓани за добиена електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во која во вид на некакво барање за судско појаснување, примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено. Во пораката, примачот се повикува да го контактира испраќачот.

„МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба“, се наведува во соопштенито на МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button