ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР: Претреси во кумановско, запленети возила и детектори

МВР: Претреси во кумановско, запленети возила и детектори

Врз основа на судска наредба, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово во координација со претставници на Царинската управа и Инспекторатот за животна средина извршиле претрес во домовите на лицата С.А., М.А., М.А. и А.А. во село Љубодраг, кумановско.

Advertisements

Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени три патнички моторни возила „лада нива“ без соодветна документација, три детектори за откривање метали без поседување на одобрение од Управата за заштита на културното наследство, кои биле одземени, и три хаварисани патнички моторни возила со странска документација без платени царински давачки, што било констатирано од службени лица од Царинската управа.

Исто така, при претресот, од страна на Инспекторатот за животна средина бил изготвен записник за констатирана состојба за управување со отпад.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button