МАКЕДОНИЈА

МВР со апел: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

„На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, апелира МВР за безбедни матурски прослави.

Advertisements

Во денешното соопштение МВР посочува дека сообраќајната статистика покажува дека во деновите кога се организираат матурски прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во сообраќајните несреќи, се млади луѓе – матуранти, кои најчесто завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот живот.

– Одговорноста за девијантното однесување на дел од матурантите во сообраќајот е  првенствено кај младите, но и кај нивните родители. Не дозволувајте им на своите деца да одат на матурска прослава со автомобил. Грешките во сообраќајот може да бидат фатални. Затоа: „На матурска прослава без автомобил!“, „Без конзумирање алкохол!“, Без користење наркотични средства!“, „Без нарушување на јавниот ред и мир!“, се вели во апелот од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button