ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР со првични детали – Едното лице закопано во околината на Скопје, другото кај Велес

Телото на едната жртва е пронајдено во близина на Скопје, а другата во околината на Велес, информираше на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Како што објасни тој, во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три веќе е определена мерка притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице, татко на малолетничката е приведен, со него е извршен распит и понатаму ќе се преземаат мерки по насока на ЈО.

Advertisements

Министерот Спасовски откри дека мотивот за двете убиства е користољубие, а во едниот случај било вклучено и лице од потесното семејство на жртвата.

„Едно од лицата, во договор и со знаење, според првичните сознанија, на член од семејството, го организирало извршувањето на кривичното дело, со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката од што сите инволвирани би имале парична корист“, рече Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button