МАКЕДОНИЈА

МВР: Уапсени и четири лица кои му помагале на убиецот од Штип

Полицијата ги уапсила напаѓачот од Штип и уште четири лица кои му помогнале да избега. Како што информираат од МВР, вчера во 21.25 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад било пукано со пиштол кон Е.О.(25) од Република Турција, по што сторителот побегнал со возило.

Advertisements

Повредениот бил пренесен во Клиничка болница Штип каде што во 22.10 часот починал.

По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, во близина на наплатна рампа Миладиновци, полициски службеници од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на делото, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото.

„Имено, во 22.15 часот на наплатната рампа Миладиновци, во заедничка акција на СВР Штип, СВР Скопје и сообраќајната полиција, било запрено патничко возило ‘бмв’ со штипски регистарски ознаки, во кое биле А.Х., Т.М., О.М. и А.О., при што А.Х. се дал во бегство, а другите лица биле лишени од слобода. Набргу, по преземени мерки, тој и сторителот К.К. биле пронајдени и лишени од слобода. Сите лица биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button