ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МВР; Зголемени контроли во ноќните клубови за дрога

МВР; Зголемени контроли во ноќните клубови за дрога

Само во јуни полицијата пронашла 63,53 грама кокаин, 63,64 грама амфетамини и 23,2 грама хероин во ноќните клубови во Скопје. Против 21 лице се поднесени 13 кривични пријави за кривично дело „Недозволено производство и трговија со наркотици“.

Advertisements

„Основното јавно обвинителство Скопје во јуни поднесе 13 кривични пријави против вкупно 21 лице, за кои постојат основи на сомнение дека се сторители на кривичното дело „Незаконито производство и трговија со наркотични, психотропни и прекурсорни супстанции “, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик. Обвинетите продавале дрога на улица во скопското градско подрачје и при извршување на кривичните дела запленети се вкупно 63,53 грама кокаин, 63,64 грама амфетамини, 23,2 грама хероин“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека фокусот на активностите е насочен кон намалување на продажбата на наркотични супстанции, намалување на побарувачката, како и идентификување на дилери, места и објекти каде се дистрибуираат наркотици, со посебен акцент на забрана на улична продажба.

Во текот на изминатиот месец, полициски службеници од СПБ Скопје, при преземање на мерки и активности за спречување на недозволена трговија со дрога, идентификувале и испитале 50 лица, а конфискувале вкупно 39 полиетиленски кеси со растителен материјал, една тегла со растителен материјал, девет полиетиленски кеси со прашок, една полиетиленска кеса со растителен материјал и 4 дробилки со растителенматеријал. . Од МВР соопштуваат дека со цел запирање на нелегалната трговија со дрога, СВР Скопје, покрај репресивните мерки, презема и други превентивни мерки.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button