МАКЕДОНИЈА

МЗ: ДЗСИ не констатира никакви недостатоци во 18 модуларни болници

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатира никакви неправилности при вонредните инспекциски надзори во 18 модуларни болници лоцирани во: Скопје, (ЈЗУ УКИБФС, ЈЗУ УК за педијатрија и ЈЗУ УК за Пулмологија) ЈЗУ КБ Штип, ЈЗУ ОБ Кочани, ЈЗУ ОБ Струмица, ЈЗУ ОБ Куманово, ЈЗУ ОБ Прилеп,ЈЗУ ОБ Гостивар, ЈЗУ КБ Битола, ЈЗУ ЗД Ресен ( во склоп на ЈЗУ Здравствен дом) ЈЗУ ОБ Гевгелија, ЈЗУ ОБ Струга, ЈЗУ ОБ Охрид, ЈЗУ ОБ Кавадарци, ЈЗУ ОБ Велес, ЈЗУ ОБ Кичево и ЈЗУ ОБ Дебар.

Предмет на надзор согласно надлежностите на Државниот санитарен и здарвствен инспекторат бил:

-капацитетот на болницата со број на болнички соби, болнички кревети, дополнителни простории, монентална исполнетост со број на хоспитализирани пациенти и од кога е во функција модуларната болница

-санитарно хигиенска состојба на објектот;

– потврда за извршена ДДД од овластена установа;

-дали се извршени здравствено-хигиенски прегледи на персоналот;

дали и колку од персоналот се комплетно вакцинирани

-начин на селекција и диспозиција на медицински отпад и договор со овластен оператор кој го подига медицинскиот отпад;

-број на здравствен и останат пеерсонал кој се грижи за пациентите ( лекари, сестри, болничари,хигиеничари)

-дали постои писмен распоред на дежурства во модуларната болница;

-дали се почитува забраната за посета  на надворешни лица . Доколку се затекне било кое лице кое е во  посета, задолжитежно да се евидентира во записник ;

-увид во здравствената евиденција која се води во модуларната болница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button