МЗ: Сите документи се спремни за увид, целосна поддршка за истрагата

Министерството за здравство ја поздравува постапката на Основното јавно обвинителството кое ја води истрагата за избувнувањето на пожарот во мобилниот ковид центар во склоп на КБ Тетово, каде на голема жалост имаше и човечки загуби.
Како што се наведува меѓудругото во соопштението:
Стручни технички извештаи од извршените испитувања на отпорите на заштитното заземјување, испитување на непрекинатоста на заштитниот проводник и отпорите на распространување на инсталацијата за заштита од атмосферски празнења, сертификати за тестирање и квалитет на материјалите кои се вградени во префабрикуваните модуларни контејнери, сертификати за ѕидни и кровни панели, за подови, известувања за извршена хидро проба и тестирање на инсталираната водоводна мрежа, известувања за исполнетост на минимални технички барања во однос на конструкција, плафони, столарија, греење и ладење, инсталации и подови, изјава за сообразност, записници од примопредавање на префабрикуваните модуларни контејнери-регионални ковид центри, решенија за пренесување на вредност на модуларни контејнери, како и решенија за пренесување на вредност на инвентар и немедицинска опрема на болниците се достапни за увид, се наведува меѓу другото во соопштението од Министерството за здравство.