ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МЖСПП за квалитетот на воздухот во Тетово: Моментално има мало покачување на одредени параметри, но нема место за паника

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска објави дека редовно ќе ги следи и објавува податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Тетово, по вчерашниот пожар во поранешната фабрика „Македонија табак“ во Тетово.

Advertisements

Од Министерството воедно посочија дека податоците за квалитетот на воздухот во Тетово не се видливи на веб-страницата поради технички проблеми со главниот сервер.

„Истите, МЖСПП редовно ги објавуваше, на секој час, во текот на попладневите и вечерните часови, а почнуваќи од 6 часот наутро се објавуваат и ќе бидат објавувани и во текот на денешниот ден“, информираат од Министерството.

Во соопштението, од МЖСПП посочуваат дека податоците се достапни на веб-страницата и на официјалниот Фејсбук профил на Министерството.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button