ВЕСТИСПОРТ

МЗТ Скопје ги продолжува натпреварите во „АБА2“


Екипата на МЗТ Скопје нема да биде дел од Регионалната лига „АБА1“, но сезоната ќе ја продолжи во вториот ранг на добро познатото регионално натпреварување во кошарка, „АБА2“. Челниците на Регионалната лига „АБА“ го објавија распоредот за следната сезона, а таму се најде  и името на словенечкиот тим „Приморска“, за кој беше неизвесно дали ќе учествува на ова натпреварување поради големите долгови.

Според хрватските медиуми, словенечкиот тим доставил силни финансиски гаранции, по што доби зелено светло  да се натпреварува во „АБА1“. Ова ги гаси надежите на МЗТ Скопје кој ќе треба да се подготви за натпреварите во „АБА2“ лигата, каде ќе се обиде да обезбеди квалификациски билет за елитата на Регионалната кошаркарска лига.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button