
Екипата на МЗТ Скопје патува во полуфиналето на македонскиот кошаркарски шампионат, со трета победа во серијата над Феникс со резултат 84-62 и со вкупни 3-0 оди понатаму.
Избраниците на тренерот Атанасов не им оставија премногу шанси на противниците ниту на овој меч, што беше случај и во претходните два. Уште во првите 20 минути МЗТ направи огромна предност од 20 поени, беше 48-28, по што беше јасно кој ќе слави на мечот.
Балша Копривица со 16 поени и Бојан Крстевски со 14 постигнати поени беа најефикасни кај шампионот, додека кај Феникс 2010 предводен од тренерот Денис Дервишевиќ најдобар беше Американецот Шепард со 17 поени.