На 1 септември судската администрација во штрајк доколку…

Самостојниот синдикат на државната управа и Самостојниот синдикат на судската служба го изразија своето незадоволство од вчерашната одлука на министерот за финансии. Имено, Фатмир Бесими не ја потпиша одлуката на Судскиот совет за исплатата на надоместоци во висина од 15% од наплатата од буџетот, ниту пак за зголемување на платата за 30%. Доколку нивното барање не биде исполнето, тогаш од 1 септември ќе стапат во генерален штрајк. Тоа значи дека ќе се парализира работата на судската администрација и ќе се блокира крстосницата пред судовите во Скопје.
Од судската администрација велат дека овие пари се наменети за нив од државниот буџет. Како поткрепа за тоа наведуваат дека фондот на Кривичниот суд добил 13 милиони денари од паушали од 1 јануари до денеска. За 12 месеци тоа би била сума од 39 милиони денари од паушали, додека наплатата од судски такси, издавање потврди и глоби од правосилни решенија изнесува 147 милиони денари бруто.
Протести денеска се одржаа истовремено и во Основните судови Охрид, Битола, Струга, Штип, Свети Николе и Тетово. Ниту во Куманово не се работеше, но не поради протестот, туку поради тоа што зградата е веќе цела недела затворена поради пожар во подрумите кој уништи дел од архивата.
Аднан Ќаили