ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На 16 мај се донесува одлуката во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово

На 16 мај се донесува одлуката во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово

Заврши повторното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово, во која животот го загубија 14 пациенти и членови на нивните семејства. Обвинителството и одбраната денес ги дадоа своите завршни зборови, при што едната страна бараше максимална казна за двајцата поранешни директори, Флорин Бесими и Артан Етеми, како и за правното лице, односно болницата во Тетово. Од друга страна, одбраната вели дека двајцата поранешни директори се невини, бидејќи не биле одговорни за системот за противпожарна заштита. Предметниот судија одлучи пресудата да биде изречена на 16 мај. Членовите на семејството изразуваат револт барајќи максимална казна за виновните, но и проширување на списокот на обвинети.

Advertisements

„Од конечната пресуда очекуваме максимална казна за обвинетите. Тие треба да ја добијат казната што ја заслужуваат, бидејќи, без оглед на тоа дали имале апарти или не, живи изгореа “, рече Мумин Исмаили, роднина

„Велат дека е поради продолжен кабел, апаратите се во ред, каде се луѓето, кажете каде се. Судијата овој пат треба да биде построг. Бидејќи ако и судијата застане на страната на злосторството, ќе бидеме изгорени по трет пат“, рече Ибин Емшиу, роднина.

„Чекаме вистината да излезе на виделина, бидејќи ние, кои бевме таму, не видовме ништо дека било преземено против пожарот во текот на трите недели додека бевме. Од првиот до последниот ден бевме таму и не видовме ништо, сакаме вистината да излезе на виделина“, додаде Ќание Семани- роднина.

Повторното судење за модуларната заврши по 8 рочишта откако предметот беше вратен од Апелациониот суд во Гостивар во мај минатата година, со образложение дека пресудата е нејасна./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button