РАКОМЕТСПОРТ

На 18 април, Македонија ќе ги дознаe ривалите за ЕП

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја закажа ждрепката за следното Европско првенство кај дамите, на кое ќе настапи и репрезентацијата на Македонија. По претходното учество на континенталниот собир како домаќинки, сега преку квалификациите ракоматарките на Македонија изборија пласман на турнирот кој ќе се одржи во Австрија, Швајцарија и Унгарија.

Advertisements

Извлекувањето за групната фаза на Европскиот шампионат е закажан за на 18 април во 18:00 часот во Виена. Досега освен селекциите домаќини, место на турнирот обезбедија уште десет репрезентации, меѓу кои и Македонија. Норвежанките се тука како претходен шампион, додека досега од квалификациите кои сè уште се во тек, се пласираа Данска, Шведска, Холандија, Романија, Франција, Црна Гора, Хрватска и Шпанија која беше со нас во групата.

Европското првенство беше променето, наместо досегашните 16, на следниот турнир ќе играат 24 репрезентации поделени во шест групи, а само првите две одат во главната фаза.

До извлекувањето нашата најдобра женска селекција ја очекува последниот меч од групната фаза против Литванките в недела во СЦ „Борис Трајковски“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button