ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

На 30 јуни ќе има второ електронско пријавување за упис во средно

Полуматурантите што на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026 година, ќе имаат втора можност за упис на второто електронско пријавување в понеделник, на 30 јуни.

Advertisements

Потребната документација до училиштата ќе се доставува наредниот ден на 1 јули, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 2 јули до пладне.

Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување има слободни 16 034 места за упис на ученици, од кои 10 758 за настава на македонски јазик, 4 781 на албански наставен јазик, 474 на турски и 21 слободно место за настава на српски јазик.

За гимназиско образование има 3727 слободни места и 12 307 за стручно образование.

По првото аплицирање, спроведено од 14 до 17 јуни, вкупно се запишале 13 712 ученици од 16 601 пријавени. Од нив, 10 172 учееници се запишани за настава на македонски јазик, 3 248 за албански, 279 за настава на турски и 13 ученици за српски јазик.

Во првиот уписен рок, над двојно повеќе ученици се запишале во стручните училишта, како 9 469 ученици отколку во гимназиите – 4 243 ученици.

Уписот на ученици веќе е завршен во гимназиите „Јосип Броз Тито“ во Битола и „Никола Карев“ во Скопје.

Во неколку училишта е спроведено и квалификациско тестирање поради поголем број пријавени ученици со исти бодови од предвидени слободни места, како во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за образовните профили медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик, во СОМУ „Гостивар“ од Гостивар – за меедицинска сестра на албански наставен јазик и во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје на македонски наставен јазик.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button